Да живее слободата, полуде светот – Ерол РИЗАОВ

Сподели

Кој ќе полуди навреме, нему животот ќе му помине во радост и веселба, велат македонските психијатри

Ерол Ризаов

Има една турска народна поговорка, поточно повеќе досетка, од почетокот на 20 век, кај нас позното како време на Хуриетот од 1908 година, почеток на младотурската револуција во која учествува Кемал Ататурк. Се’ уште ја знаат повозрасните Турци, но и Македонци и Власи… „јашасин хуриет, шашарди минлет“. Во превод „да живее слободата, побудале народот“. Денеска оваа „крилатица“ измислена како потсмев на противниците на револуцијата, поддржувачи на султанот, може со мала преправка да се однесува на целиот свет. Да живее слободата, полуде светот.

Во најголемата велесила на светот Америка 35 доктори, психијатри тврдат дека најмоќниот човек на планетата, претседателот на Америка, Доналд Трамп, не е токму. Велат, човекот е мрднат, многу лаже и дека е самобендисан, дека не е способен да ја извршува функцијата претседател на државата. Го читам ова чудо и си велам, или нешто не во ред со образовниот систем на Америка, или Американците начисто полуделе. На пример, кај нас таквите симптоми кај нашите политички лидери се сметаат за сосема нормални, дури и се предуслов за успешно извршување на функциите. Така не мисли само народот, кој е полуден уште од деветсто осма, туку и психијатрите и комплетната домашна лекарска елита. Прво, кај нас се знае дека човек навистина треба да е доволно луд за да прифати да биде претседател или премиер на Македонија. Тоа може да си го дозволат само луѓе кои или не знаат што е тоа и каде се наоѓа, на кои им е тоа прва работа во животот, или луѓе кои имаат вродена мана на висока доза патриотизам, па можат да се нафатат без размислување на секоја работа која значи спасување на татковината. Едноставно, тоа се суперхерои кои се жртвуваат за државата и ништо не им е ниту тешко, ниту многу, за тоа да и’ го направат на Македонија.

….
Што се однесува до нашиот најголем вожд, кој е и премиер и претседател и врховен командант, сенароден водач и кога не е на тие функции, македонските психијатри не можат да му најдат ниту едно пореметување кое не е нормално. Се разбира, нашите доктори се доволно мудри и професионални да не зборуваат јавно за болестите на обичните луѓе, па камоли за врвните функционери. Приватно во четири очи ќе ви кажат дека човекот не е нормален, поточно дека е ептен забеган, дека е опсесивен, дека и психопат, болен за власт, дека лаже штом отвори уста, ама јавно тоа да се приопшти на народот кој полудел од среќа и од преголема слобода, не е баш здраво и упатно. Македонските доктори сметаат дека за да се одболедуваат нашите властодршци треба да се стекне природен имунитет за кој треба најмалку една деценија. Кој ќе полуди во тоа време, нему животот ќе му помине во радост и веселба. Значи, работата е блазе си му на тој што навреме ќе се помести од умот.

колумната во целост, прочитајте ја тука