Дачиќ: Србија згреши што ја призна Македонија под уставното име

Сподели

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по вчерашната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас изјави дека смета оти неговата земја направила грешка пред 20 години кога ја признала Македонија под уставното име. Според него, тоа не било коректно кон Грција. Тој посочил и дека Скопје секогаш имало негативен став кон прашањето за Косово и Метохија.

„Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО“, изјавил Дачиќ.
Тој и во јануари, годинава изјави дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, затоа што подоцна Македонија го признала Косово.