„Далеку сме од договор со Русија во врска со Сирија“

Сподели

Во рамките на „Форматот Нормандија“, со цел да се разговара за украинската криза, германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд, рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Петро Порошенко

oland-merkel

БЕРЛИН (АА) – Во Берлин, во рамките на „Форматот Нормандија“, со цел да се разговара за украинската криза, германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд, рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува Anadolu Agency (AA).

По средбата, Меркел и Оланд одржаа заедничка прес-конференција за медиумите и на којашто таа рече дека привремениот прекин на огнот во Алепо треба да биде решение за испораката на хуманитарна помош за жителите на градот.

Меркел истакна дека министрите за надворешни работи се согласиле да се започне со изнаоѓањето на решение за проблемот и во врска со тоа изјави: „Многу сме далеку од целосно усогласување“.

Во врска со средбата со Путин, Меркел изјави дека била отворена и тешка дискусија. „И денеска не се случи чудо“, рече таа.

Меркел истакна дека и Русија е одговорна за бомбардирањата во Сирија и дека бомбардирањето на градовите претставува една сурово искуство за тамошните жители.

Истакнувајќи дека моментално најважното прашање е како да се обезбеди хуманитарна помош за луѓето во Алепо, германската канцеларска рече дека во таа насока нема да ги игнорираат опциите за санкции врз Русија.

Меркел изјави дека Германија некои настани може да ги прогласи за воени злосторства. „Лично не верувам дека со постојано бомбардирање можете да ги раздвоите невините цивили и терористите. На тој начин, тешко е и да се постигне политичко решение“, рече Меркел.

– Францускиот претседател Оланд –

Франсоа Оланд изјави дека сакаат периодот на неколкучасовен прекин на судирите во Сирија да го искористат за доставување хуманитарна помош и за политички средби.

Оланд нагласи дека во Сирија треба да се штити народот: „Ние од средбата со Путин излеговме со впечаток дека прекинот на огнот може да биде продолжен.

На новинарското прашање за тоа колку може да трае прекинот на огнот, Оланд одговори дека не може да одлучува наместо Путин. „Јас од ова разбрав дека се подготвени да се продолжи со веќе објавениот 8-часовен прекин на огнот. И сирискиот режим треба да покаже дека го сака истото“, рече Оланд.

Тој побара да се прекине бомбардирањето врз Алепо. Потсетувајќи дека темата во врска со случувањата во регионот биле разгледани на состанокот, Оланд рече: „Моменталните случувања во Алепо се воени злосторства, вистински воени злосторства. Овде од голема важност беше да кажеме дека е потребно режимот и неговите поддржувачи да ги прекинат бомбардирањата“.