Го поздравуваме проширувањето на американската црна листа со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Токму нејзината лична определба, наместо испорачување правда да се стави на страната на криминалците заради лични интереси, создаде предуслови да нема одговорност за политичка корупција. Оваа ознака, за жал, докажува дека политичката корупција во Северна Македонија длабоко ги внела своите корени во системот, во институциите, а особено во правосудниот систем, се наведува во соопштението од Коалицијата „Вреди“..
А кога зборуваме за правосудниот систем, силно веруваме дека нашите американски сојузници лоцирале дека политичката одговорност за тоа што Мијалков брише под со правосудниот систем, за неговото ослободување од најтешките обвиненија, како и заштитата на неговиот имот од конфискација, е направена преку актери и политички експоненти на таканаречената „прогресивна“ – односно ДУИ, кои ги заробија судијата, обвинителството како и надлежните државни институции кои беа инволвирани во случајот Мијалков.
Сите граѓани на Северна Македонија очекуваат американската администрација да ја истражи конкретната улога на обвинителите, судиите, експертите, истражителите и државните институционални лидери, сите избрани или именувани со политичко влијание на ДУИ, во спречувањето обвиненија, судења, спречување на пресудите како и штитење од конфискации, во сите сличаи на нивниот партнер насилник – Сашо Мијалков.
Промената доаѓа. За ослободувањето на Мијалков ќе има политичка одговорност. Правдата ќе се врати на почитуваното место во општеството како предуслов за враќање на довербата на граѓаните во државните институции. Уставниот амандман за спречување на застарувањето на кривичните дела сторени со политичка корупција е чекор во таа насока.