Најдобрата руска тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија поради користење на забранетиот лек мелдониум.
Поранешната број 1 во светскиот тенис и освојувачка на 5 Грен слем титули, на почетокот од февруари објави дека за време на Австралија Опен била позитивна на допинг тестот.
Нејзината казна започна на 26. јануари, а бидејќи има 29 години веројатно на неславен начин ќе стави крај на својата кариера.
Шарапова во својата кариера има освоено 35 титули во сингл. Таа има титули на сите Грен слемови (две на Ролан Гарос и по една на Вимблдон, Австралија Опен и УС Опен).
Во периодот од 2003 до 2015 година секоја година освојувала најмалку по една титула, во кариерата одиграла 733 мечеви, победила на 80% од нив, заработувајќи 36 милиони долари, и до пред неколку дена беше на врвот на заработувачката кај тенисерките.
The post Дали е ова крај за руската тенисерка Марија Шарапова!? appeared first on Спорти.
Source: Sporty