Шарената револуција: само брендирање или почеток на еволутивен процес? Како да се обликува заедничка иднина на културен диверзитет (мултикултурализмот како шанса), а истовремено да се зачува наследството на традиционалните религиозни и културни идентитети? Можностите за соработка во регионот и изгледите за интегрирање во Европската Унија.
Од 2012 година наваму Германската академија за јазик и литература, фондацијата „С. Фишер“ и фондацијата за култура „Алијанц“ организираат меѓународни форуми на важни теми поврзани со европските работи. Интелектуалци од земјите на германското говорно подрачје, како и од јужна, централна и источна Европа се состануваат со претставници на граѓанското општество, на културата и политиката од земјата домаќин за да остварат отворен и заемно корисен дијалог. Досега, Дебати за Европа се одржале во Будимпешта и Букурешт, во Белград и Атина, во Нарва и Санкт Петерсбург, во Минск и Харков и неодамна, во Сараево.
Oд 7 – 9 јуни, 2018. Дебата за Европа ќе се одржи во Скопје.
Од својата независност во 1991 година, Македонија мораше да се соочи со многубројни и многукратни предизвици, но денес, со започнувањето на нови политики се отвора хоризонт на надежта.
За време на дебатата во Скопје, ќе се расправа, меѓу другото, и за следните теми: Шарената револуција: самобрендирање или почеток на еволутивен процес? Како да се обликува заедничка иднина на културен диверзитет (мултикултурализмот како шанса), а истовремено да се зачува наследството на традиционалните религиозни и културни идентитети? Можностите за соработка во регионот и изгледите за интегрирање во Европската Унија.
Програмата ќе биде заокружена со книжевни настани.
Дебатата за Европа ќе се одвива и во групи за внатрешни дискусии и во јавни форуми со активно учество на публиката. Личните средби и надвор од официјалната програма се еднакво важни. Домаќини ќе ни бидат Музејот на современа уметност, како и Националната галерија во Даут Пашин амамот.
Македонскиот партнер во реализирањето на оваа програма е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Поддржано од Традуки од фондови на Министерството за надворешни работи на Германската Федерација
****
„Ова е време на радикална конфузија помеѓу вековно востановените леви и десни идеологии, кои сега се ситуираат во политиките пропустливо, парадоксално, како лице и опачина, како друго од истото. Време кога слободата, идентитетите, солидарноста, еднаквоста дискурзивно оперираат низ сите демократски устави и праламенти, а кога, едновремено, се подигаат сѐ поголеми класни, културни, етно-национални ѕидови. Време во кое се навестува крајот на утопијата, а со тоа и крајот на политичкото и на политиката. Логорот е вонредна состојба во која континуирано живееме и во која ги ставаме на искушение сите парадигми на модерната демократија.
Ние стоиме насред експеримент. Сега не ни преостанува ништо друго туку да се запрашаме дали во овој свет кој се лизга кон својата пропаст, кој се урива без тоа да го забележи, постои јадро на луѓе кое ќе овозможи критичко редефинирање на „догмите“ во кои веќе не веруваме. Живееме во доба кога културата и политиката се конституираат низ исклучување (кое е едновремено и вклучување).
Политиката, како што забележува Пол Рикер (Paul Ricouer) постои само во „великите мигови“, во „кризите“, во „пресвртниците“, на раскрсниците на историјата. Но, она што е клучно кога разговараме за заедниците, за она што нѐ прави политички битија, кога ги мислиме заедничките добра (commons), е прашањето на политичкото, не на политиката. А тоа прашање е, всушност, прашање за тоа како да се биде заедно, оттаде класните конфликти, оттаде етно-националните логори, оттаде идентитетстките пранги кои втолпуваат и кои заробуваат.
Во социо-културните контексти, налик на македонскиот, кои го живеат парадоксот на својата геостратешка позиционираност во рамки на Европскиот континент, но кои не ѝ припаѓаат на економско-безбедносната и фисклана формација наречена Европска унија, честа тема е токму автономијата не на политиката, туку на политичкото. Копнеејќи по автономија на политичкото, во општествата кои се наоѓаат во оваа конфузна исцрпувачка и бескрајна транзиција, всушност ние копнееме по политичкото сфатено како право на слободно општество, кое се состои од различности, но во кое може да се ужива мигот на заедништвото. Заедничкото, во оваа перспектива сакаме да го читаме како критички простор во кој мутираат и се реорганизираат секојдневните индивидуални и колективни искуства и претстави на современоста“.
Од воведниот текст на Искра Гешоска „Трагајќи по утопијата – помеѓу експериментот и заедницата“
Програма:
Четврток, 07. 06. 2018
Даут Пашин Амам
________________________________________
18:00-18:15 отворање: Анте Контиус, Фондација С. Фишер, за иницијаторите и мрежата ТРАДУКИ; Неговата Екселенција Томас Герберих, Амбасадор на Република Германија во Македонија; Нејзината Екселенција Ренате Коблер, амбасадорка на Република Австрија во Македонија
18:15-19:15 „Помеѓу: Уметноста и културата во времиња на промена“
Артан Садику, Сретен Угричиќ, Роберт Алаѓозовски
Модератор: Карл Хендрих Фредриксон
19:30 – 19:45 Разговор помеѓу Ненад Шебек и Влатко Стефановски
19:45 – 20:30 „Музичка интервенција“– краток концерт на Влатко Стефановски
Петок, 08. 06. 2018
________________________________________
Прв дел: Даут Пашин Амам
10:00 – 11:30 „Мултикултурализмот како шанса“
Рамадан Рамадани, Иван Додовски, Кирил Штигер
Модератор: Ненад Шебек
Втор дел: Музеј на современа уметност
18:00 – 19:30 „Шарената револувија – Брендирање или само почеток на еволуциски процес“
Поздравен говор: Катрин Томанек, Културна Фондација Алијанц
Небојша Вилиќ, Мариглен Демири, Билјана Гинова
Модератор: Волкер Вајксел
20:00-21:30 „Книжевна вечер“– Поздравен говор и запознавање: Ернст Остеркамп, Германска Академија за јазици и поезија со
Луан Старова, Румена Бужаровска, Оливера Ќорвезировска, Аријан Лека, Марко Погачар, Никола Маџиров
Сабота, 09.06.2018
Даут Пашин Амам
________________________________________
10:00-11:30 „За регионалниот контекст “
Десислава Гаврилова, Агрон Туфа, Елизабета Шелева Модератор: Ведран Џихиќ
12:00-13:30 „Кон ЕУ: перспективи или интеграција“
Јоанис Армаколас, Сенада Село Шабиќ, Сашо Орданоски, Беса Арифи
Модератор: Мари-Жанин Калик
Иницијатори: Германската академија за јазик и литература, фондацијата „С. Фишер“ и фондацијата за култура „Алијанц“
Во соработка со: Традуки, Контрапункт, 10 години Традуки