„Дебатирај, Донирај, Волонтирај“ – јавна дебата на Црвен Крст и МОФ

Сподели

Волонтери на клубот на млади на Црвен Крст на град Скопје, при ПХВ програма (Промоција на хумани вредности), во соработка со Младински Образовен Форум (МОФ), одржуваат јавна дебата со теза ,,Овој дом би вовел задолжителен волонтерски ангажман”. Дебатата ќе се одржи во понеделник, од 19 до 21 часот, во Јавна соба.

По дебатата, присутните ќе имаат можност да се приклучат во дискусијата со прашања и свои ставови на зададената теза.

На настанот ќе биде претставена и објаснета ПХВ програмата и нејзиното значење и резултати низ годините, како и придобивките од волонтирањето. Во текот на целиот настан, присутните ќе можат да донираат, а собраните средства ќе бидат наменети за обнова на станот на едно социјално-економски загрозено семејство.

radiomof.mk