„Дедо и внук“ од 12-ти декември во кино „Милениум“ – Скопје, 20:00 часот
Филмот за кој се зборува, филмот кој отвори многу болни теми во општеството, филмот за цената на детскиот живот, од 12-ти декември во Скопје.
Најновото дело и првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на македонскиот режисер Илија Пиперкоски во кино „Милениум“, со почеток од 20:00 часот.
Дали сенките на минатото секогаш и без исклучок не стигнуваат и го задаваат немилосрдниот удар? Вреди ли да се живее без љубов и без болка?
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски во филмот дава многу одговори на овие прашања, но и отвора многу нови дилеми. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Продуцент е Огнен Антов, монтажата е на Данчо Стефков, а директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и малиот охриѓанец Наум Цветкоски.
denesmagazin.mk