Волонтерите од Црвениот крст – Скопје, денеска ги израдуваа децата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје, преправени како Дедо Мраз и суперхероите Спајдермен и Бетмен.
Тие со јажиња од покривот на Клиниката за детски болести преку балконите се спуштија во болничките простории и на малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакетчиња за претстојните празници.
“Да подариме насмевка!
На ден 22 декември, волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести. На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници.
Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје. Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој”, напишаа хероите на ФБ.