Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Сподели

 

 

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 118-годишнината од неговата смрт.

Цвеќе положија и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничките Даниела Маркоска и Велика Стојкова – Серафимовска.

Покрај делегациите на државните институции, во чест и сеќавање на Гоце Делчев цвеќе положија и здруженија и граѓани.