Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба  на МВР    

Сподели

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите дека наводно се запалил брод во Охридското езеро и дека во тек е евакуација.

Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот “До вас, за вас”.

МВР апелира да не се шират невистини кои предизвикуваат несигурност кај граѓаните.