Алтернатива Настани

Ден Тарнер му подари дело “Семиња на промени” на МСУ – Скопје

Сподели:

 

И светски познатиот англиски уметник Ден Тарнер (Dan Turner) му подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје Семиња на промени Seeds of Change, 2019
 
 
 
 
Просторно-специфична инсталација, дрво, ултравиолетово осветлување, стакло, почва, подлога од зелен покрив и капиларни подлоги, диви цвеќиња и печатени велови.
 
Растенијата се од витално значење за секој аспект од секојдневниот живот. Тие обезбедуваат храна, влакна, лекови, гориво, засолниште, облека и воздух. Многу животински видови се директно зависни од растенијата за нивниот опстанок. Растенијата се суштински состојки на екосистемите и играат клучна улога во системот на земјата. Се проценува дека 50.000 – 70.000 растителни видови се користат во медицината ширум светот. Тие се од суштински придонес за здравствената заштита и обезбедуваат важен извор на приход во некои рурални области. Ромите во Европа, како и растенијата, се соочуваат со сè поголем опсег на закани, од раселување, недостаток на живеалишта (места за престојување или живеење), постојано ранливи на промени во економската и социјалната средина.
 
Уметникот ја разгледува историјата на патувачките народи како исцелители. Тој открива широк спектар на диви лековити растенија кои ги користеле Ромите кои патувале низ Европа. Делото во кое живите растенија создаваат футуристичка визија за животите на номадите, прикажувајќи нови начини на размислување за овие прашања, е обид да се се сменат вкоренетите ставови за Ромите во минатото и сегашноста. Делото преиспитува како Ромите историски биле почитувани поради вештините што ги донеле во заедниците во кои доаѓале или живееле, со намера да се прекине циклусот на бришење и хипервидливост. Лековите и растот носат оптимизам за иднината.
 
 
 
 
Ден Тарнер (Лондон) е уметник и едукатор кој се образувал на Уметничката школа Сент Мартинс. Тој работи во различни медиуми, вклучувајќи скулптура, видео и сликарство. Неговата уметничка практика ја истражува интеракцијата помеѓу ромската и мејнстрим културата, преку теми за комерцијална размена во животот на Ромите. Заинтересиран е за тоа како човечкиот живот може да се дефинира и архивира преку предметите, како истите комуницираат низ времето преку заедничка „материјална“ култура, како истата ја артикулираат пред пошироката публика, особено во контекст на Ромската заедница. Со користење на трансакциски предмети кои имаат значење во двете култури, Тарнер испитува како културите на ромите и номадите се среќаваат и комуницираат со доминантната култура. Преку работа со мапи за миграција на ромските дијаспори, користењето на традиционалните занаети и занимања како што се билкарството, изработката на колци и и гатање, Тарнер ги реобмислува Ромите од минатото, сегашноста и иднината, за да го оспори ставот на мејнстрим културата за ромските идентитети.
Сподели: