Состанокот на Комисијата за заразни болести, на кој денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, е одложен.
Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.