Денеска продолжува конститутивната седница

Сподели

Собранието денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Вчерашната собраниската расправа се одвиваше во постојана тензија, а СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за блокада на собраниската работа.

СДСМ со потписи на 20 пратеници го предложи Талат Џафери за единствен кандидат за претседател. Собраниското столче на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остана празно.

Груевски  во ек на политичката криза замина на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската народна партија. Од ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат – кога Груевски се враќа во земјава.