Три седници собраниски комисии

Сподели

За денеска закажани се седници на комисиите за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

Членовите на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, ќе го разгледуваат Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, и Предлог – законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, двата во прво читање.