„Култура во време на корона“: Денеска слушаме џез – 7 концерти во МКЦ

Сподели

 

Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката. Во кругот на МКЦ за скопјани ќе настапуваат врвни македонски музичари и групи, и тоа:

 

  • За во 14 часот е закажан концертот на АНТОНИЕ.
  • Во 15 часот ќе почне настапот на ZULU4.
  • Во 16 часот за скопјани ќе настапуваат PARUSSION GROUP.
  • Во 17 часот ќе почне концертот на СВЕТЛОСТ.
  • За во 18 часот е закажан настапот на 3JECT.
  • Терминот од 19 часот е резервиран за концертот на КАБАДАЈАС.
  • Во 20 часот, пак, ќе настапат ЗЏМ КОЛЕКТИВ – гости Џијан Емин и Георги Шарески.

 

 

Нивните  настапи ќе бидат стримувани на: фејсбук страницата на Град Скопје  https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

 

 

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

 

 

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

  • Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
  • Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

 

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.