Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба по инаугурацијата на Пендаровски за шеф на државата.
На средбата ќе се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот.
Претседателот Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството.