Пратениците на денешната седница на Собранието ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања.
Како што е најавено, пратениците на СДСМ нема да учествуваат, бидејќи одлучија да ја замрзнат работата во Собранието сè додека Уставен суд не се произнесе за уставноста на иницијативата на Законот за специјално јавно обвинителство.
Ова е прва седница откако пратениците по распуштањето повторно се собраа во Собранието.