Врховниот суд за денеска во 13.часот го закажа продолжението на општата седница на која ќе се разгледуваат двата реферати на првиот човек на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски.
Првата расправа е дали прислушуваните материјали можат да бидат користени во доказната постапка, а втората точка е барањето за заштита на законитоста поднесено од јавниот обвинител Марко Зврлевски за притворот на бизнисменот Сеад Кочан.
Судијката Лидија Неделкова и Исамедин Лимани нема да учествуваат во расправата, заради тоа што поранешната судијка е веќе изземена од Кривичниот совет, а Лимани се повлекол самиот, затоа што има ќерка вработена во обвинителството на Јанева.