Деца од социјални семејства нема да плаќаат партиципација за лекување

Сподели

На предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, Владата на Република Македонија јa разгледа и усвои Информацијата за ослободување од учество (партиципација) при користење на здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.

Во текот на денешниот ден министерот Филипче и министерката Мила Царовска ќе имаат средба со Граѓанската организација “ЛИЛ “која ја покрена оваа иницијатива.

На својот ФБ профил, министерот за здравство Венко Филипче веќе ја објави оваа информација.