ДЕВЕТ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА НАПАД НА ХОТЕЛОТ ВО КОЈ ПРЕСТОЈУВАЛ ЕРДОГАН

Сподели

3660776D00000578-0-image-a-7_1468826955761

Турските власти уапсија девет лица кај летувалиштето Мармарис поради сомневање дека се дел од групата што го нападнала хотелот во кој престојувал претседателот Реџеп Таип Ердоган на 15 јули, за време на обидот за воен удар.

Неименуван претставник на владата рече дека три лица сè уште се во бегство.

За време на пучот, Ердоган бил на одмор во Мармарис.

Се верува дека група војници нападнале хотел во кој се наоаѓал Ердоган околу еден час, по што го напуштил хотелот.