“Искрени и срдечни честитки по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука, празник со кој што се слави унифицираната азбука, јазикот и писменоста како катализатори на интелектуалното, културното, образовното и секако политичкото издигнување на Албанците”, честиташе Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
“Воедно и празник кој има свој значаен удел во највисоките цивилизациски вредности на човештвото. Јазикот е толку богат и толку вреден колку што се говори правилно, се пишува правилно, се преведува и шири низ светот со должното внимание и индивидуална и колективна одговорност на секој поединец. Тоа е моќна алатка која обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и интелектуален, културен и уметнички развој на еден народ, но над сè е идентитетски знак на еден народ а Република Северна Македонија е земја во која се негуваат и почитуваат сите различности. Со негување на јазичните и културните разлики, заедно придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и воедно вложуваме во подобра иднина на нашите млади поколенија.
Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!”