Државно црковна делегација предводена од Џафери на Аудиенција кај Папата Франциск

Сподели

 

Од името Собранието и од мое лично име упатувам честитки по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура.

 

 

Оваа порака која ја испраќам од Светата Столица, каде што ја предводам државно-црковната делегација на РС Македонија на традиционалната манифестација во чест на Свети Кирил, е потврда за тоа дека светите апостоли Кирил и Методиј, претставуваат столбови на културниот образец на Европа и глобалната духовност и се нераскинлива врска помеѓу нас и светот. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за светот.

 

 

На Аудиенцијата кај Папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност. Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј.

Уште еднаш, честитки за 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методи, и посакувам патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.