Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска треба да ги распише претседателските избори. Првиот круг на изборите ќе биде одржан на 21. април, додека вториот круг би бил на 5. мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај. 

По распишувањето Државната изборна комисија треба да донесе роковник според кој ќе се спроведуваат изборите. И Министерството за внатрешни работи треба да ги достави податоците на граѓаните што ќе влезат во избирачкиот список.

По добивање на податоците ДИК има рок од 15 дена да го стави Избирачкиот список на јавен увид, кој ќе трае 20 дена.

ВМРО-ДПМНЕ преку јавен оглас го бара кандидатот, и веќе има девет потенцијални кандидати, меѓу кои најсериозни се Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев.

СДСМ распиша конкурс за кандидат на претседателските избори, а во јавноста веќе се шпекулира со некои имиња. СДСМ исто така деновиве треба да одлучи дали ќе бидат распишани и предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.