“Длабоко потресен од трогателната вест за ненадејната загуба на животите на четиричленото семејство од Република Бугарија, изразувам длабоко сочувство во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.
Викендот поминат заедно со семејството во нашиот прекрасен Охрид, за жал заврши со сосема неочекуван и тажен крај за Бошнакови. Нивниот лет беше прекинат со падот на леталото над Солунска глава. Ова е жалосен настан за нивните блиски, за нивните пријатели, познаници и соработници, меѓутоа жалосен настан и за Република Бугарија и нејзините граѓани.
Во оваа прилика сакам да изразам искрено сочувство и до државниот врв на нашата соседна земја и да посакам ваквите несреќни вести никогаш да не се повторат. Нека живее споменот за ова семејство во сеќавањето на сите кои лично ги познавале и споделувале заеднички мигови со загинатите, нека почиваат во мир” – изјави Талат Џафери во писменото соопштение, по повод авионската несреќа на четворочленото семејство од Бугарија.