“Иако оваа година не се обраќам од Мечкин Камен, на овој начин на ви го честитам големиот празник 2.август – Денот на Републиката.
Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот.
Ви посакувам убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот COVID – 19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.
Честит празник!” – упати до граѓаните честитка, Талат Џафери, претседтел на Собранието.