Џафери: Материјалната штета ќе ја плати тој што ја направил

Сподели

 

Собранискиот спикер Талат Џафери, по вчерашниот инцидент во Собранието изјави дека штетата направена во салата ќе ја плати тој што ја направил.

„Ние сме вработени во Собранието и ние сме одговорни за имотот и за инвентарот внатре. Вие смеете да кршите таму кај што работите? Не. Исто е и во Собранието. Ќе се формира комисија за утврдување на материјалната штета, сметката ќе оди кај тој што ја причинил. Не може граѓаните да ги плаќаат искршените компјутери“, вели Џафери.

 

„Пратеникот има имунитет само за кажаното на собраниската говорница. Чекор од говорницата и околу неа, нема имунитет за тоа што го прави и сакам во оваа прилика да потсетам“, кажа собранискиот спикер, Џафери.