Џафери: Одлуките ќе ги носи претседателот Пендаровски

Сподели

 

“Општа констатација е дека предусловите за одржување избори се невозможни и непотребни, па свесни за новата состојба предизвикана од коронавирусот, донесовме одлука да ги одложиме изборите. Но, тоа е политичка одлука. Од правен аспект, во консултација со правните експерти, заклучокот беше дека Собранието не е во можност да се собере како резултат на претходната одлука за негово распуштање. Во тој контекст, предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна состојба. Од моментот на прогласување на вонредната состојба, надлежностите на Собранието преминуваат во надлежност на Владата која со сила на законот треба да ги уредува сите околности. Сè уште не е пристигната предлог-одлуката на Владата, но во секој момент очекувам да ја добијам. Истата предлог-одлука, врз основ на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кон претседателот на државата Стево Пендаровски. Се надевам дека шефот на државата ќе постапи според проценките на ситуацијата “.

Изјави, Талат Џафери, 18.март, 2020 година