Колумна Текстови Ударни вести

Коронавирусот може да предизвика регионален и светски хаос! – Мерсел Биљали

Сподели:

 

Мерсел Биљали

Нема ден а да не прочитам некој вид на теорија на заговор поврзан со сегашната пандемија, кои главно се занимаваат со „светски заговор“ на светските финансиски магнати. Без да сакам да ги коментирам овие теории, бидејќи тие се далеку од мојот домен, факт е дека со векови кога регионални и глобални финансии ниту постоеле, пандемиите покосиле голем дел од населението. Семејствата на денешните светски финансиски магнати тогаш не постоеја. Најстарата пандемија се има случено на Пелопонез во 5 век п.н.е., која уништила скоро 70 проценти од населението, вклучувајќи го и славниот крал Марк Аурели. Mногу позната е „Азиската чума“ која во шестиот век убила над половина од азиското население. Оле Бенегдиту, професор во Осло, објаснува дека во средниот век „Бургонска чума“ убила околу 60 милиони луѓе, а тоа било околу 65% од тогашната севкупна европска популација, и 32% од светската популација. Дејв Вагнер пишува дека „Црната чума“ има убиено околу 200 милиони луѓе (меѓу 1347-1353). Беа потребни две века за да Европа го надомести тоа население. До 20-тиот век, кога веќе беше создадена вакцината против „Велика богиња“, оваа пандемија однесе околу 500 милиони животи (колку што Кина имала население во почетокот на 20 век). Од шпанските епидемии извезени во Америка во 15 век, скоро 80% од домашното население исчезнало, а „Шпанскиот грип N1H1“ во текот на 1918-1920 година има убиено околу 100 милиони луѓе.

Науката и технологијата, во последните пет децении искоренија многу епидемии како масовни убијци, но некои вируси или бактерии продолжија да мутираат. Сега повторно стравот од светски размери се во однос на Коронавирусот. Се чини дека е малку претерано. Експертите велат дека тоа не претставува голема закана за светската попуација, но дека доколку не се управува правилно, лесно може да доведе до вистински хаос од поголеми размери, посебно во сегментот на општата безбедност кај многу земји низ целиот свет. Проблемот не е кај бројот на можните жртви, бидејќи всушност тој е мал, некаде помеѓу 2 и 3 проценти од оние кои покажуваат посериозни симптоми на болеста. А  значителен дел од заразените и заболените дури и не ја чувствуваат болеста и тие не влегуваат во статистиката. Значи, реално стапката на смртност е уште пониска. Потсетете се дека во Европа имаме околу 17 пати повисока смртност на ден од инфаркт и канцер, а нема паника за тоа!

Ако е така, тогаш каде е проблемот што владите во многу земји на светот доживуваат хорор и се принудени да преземат драстични радикални мерки во функционирањето на општеството како целина? Одговорот е во тоа што коронавирусот има многу висок заразен капацитет. Западните експерти откриле дека овај вирус е околу 13 пати повеќе заразен од вообичаените вируси на грип. Нормално, таквата масовна заразеност може лесно да го урне секој здравствен систем, особено слабиот систем. Во овие случаи, контролата лесно може да се загуби како резултат на драстично зголемен број на заразени пациенти оти далеку ги надминува постојните здравствени капацитети. Колоните за медицински третман би бил зачудувачки како во фантастичните филмови, а вистинските капацитети се тие кои се. На пример, ограничениот број на вештачки респираторни апарати што не може да ги задоволи големите барања, а тоа може да ги присили лекарите да избираат приоритетни пациенти, што може да предизвика голем револт до вандалистички појави. Всушност, ниту една земја во светот не може да се соочи со тоа. Под такви околности, медицинскиот персонал може лесно да се парализира, но и да се потрошат лековите и практично се да колабира, вклучително и органите за безбедност. Тоа може да доведе до вистински хаос низ целата држава. Затоа сите земји во светот се плашат од овој вирус, а некои дури го нарекуваат и „ѓаволски вирус“. Државите мора да преземат драстични мерки за да го ограничат бројот на заразени, но и да ги обезбедат условите за живот и основно функционирање на институциите. Деталната едукација на населението треба да има апсолутен приоритет.

И да престанеме со плачење, тука сериозно да се зафатиме за работа. Оти солзите можат да донесат сожалување, но само потта носи резултати.

 

Сподели: