Претседателот на Собранието на РС Македонија, Талат Џафери упати честитка за светиот месец Рамазан, до припадниците на исламската вероисповед, со порака да се има верба, трпение и порака да се остане дома со своите блиски.
“На прагот сме на почетокот на светиот месец Рамазан, и јас имам огромна чест и задоволство да вечерва, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои овој Рамазан, ќе го почнат на невообичаен начин, далеку од верските храмови, меѓутоа блиску до своите најдраги и најблиски членови на семејството, да Ви посакам Рамазанскиот пост да ви биде лесен и прифатен од Севишниот, а молитвите и мислите да Ви бидат искрени, срдечни и упатени до целото човештво, до сите здравствени работници, и сите кои на професионален и посветен начин ги извршуваат своите работни обврски, сега кога целиот свет е исправен пред предизвикот наречен COVID-19 кој што не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени.
Почитувани мои, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски. Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Рамазан! ” – изјави Талат Џафери.