Џакарта: Авион со 62 патници се урна во морето 4 минути по полетувањето

Сподели

 

Авион од моделот Боинг 737-500, кратко по полетувањето од аеродромот од Џакарта, на лет кон Понтијак, на островот Борнео, попладнето по локално време исчезнал од радарите, соопшти индонезиското Министерство за сообраќај. 

Спасувачките екипи за потрага вечерва со рефлектори ги осветлуваат темните води покрај брегот на индонезискиот главен град во потрага по патничкиот авион со 62 лица, кој само неколку минути по полетувањето од Џакарта изгуби контакт со контролата на летање и исчезна од радарот, истакнаа властите.

Авионот Боинг 737-500, на авиокомпанијата Сривиџава ер, набрзо по полетувањето во 07:40 часот, најверојатно се срушил во морето откако за брзо изгубил на висина. 

Градоначалникот на областа каде исчезна авионот изјави дека локалните рибари ја виделе експлозијата во близина на островот Лаки.