Џорџ Клуни: Лути сме поради начинот на кој живее светот

Сподели

Клуни, непоколеблив либерал и критичар на претседателот Доналд Трамп, при претставувањето на својот нов филм „Suburbicon“ на филмскиот фестивал во Венеција, коментираше за состојбата во САД. Филмот го покажува расизмот и конформизмот во САД во 50-тите години на минатиот век.

„Темен облак е надвиснат над нашата земја во моментов. Многумина од нас се лути, лути на самите себе, лути поради начинот на кој земјата живее, лути поради начинот на кој живее светот.”

Американскиот актер и филмски режисер, Џорџ Клуни изјави дека САД треба да се справат со проблемите со расизмот, објави ДПА.