ДИК: До денеска пријавени се 1.519 граѓани на РМ од дијаспората

Сподели

dik-1-860x680

Заклучно, до денеска, до 15 часот во ДИК се пријавиле 1.519 граѓани на Република Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, за да имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори.

Од ДИК информираат дека од 1.519 пријави колку што пристигнале преку електронската апликација, прифатени се 977, одбиени се 47, а 495 се во обработка.

Пријавувањето, ќе трае до 11 ноември, и може да се врши преку електронската апликација поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија.