ДИК: Доставени финансиските извештаи од сите партии за кампањата

Сподели

dik

До Државната изборна комисија (ДИК) во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите од 21 до 30 ноември десетиот ден од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11 декември.

До Комисијата извештаи за потрошените средства во првите 10 дена од кампањата доставиле ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Демократската бошњачка партија, Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Коалиција Алијанса за Албанците, Либералната партија на Македонија, Коалиција ВМРО за Македонија, БЕСА и Левица.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43 милиони 961 илјада и 384 денари, или 700.000 евра.

Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10 до 30 ноември изнесувале 19 милиони 683 илјади и 894 денари, или 309.000 евра.

ДУИ како расходи пријавила пет милиони и 336 илјади и 095 денари. ДПА пријавила вкупно расходи од 433 илјади и 840 денари.

Коалицијата за правда и промени – Трет Блок вкупни расходи од еден милион и 559 илјади и 635 денари. Коалицијата Алијанса за Албанците како расходи пријавила 893.519.

Либералната партија, пак, потрошила 477 илјади и 811 денари. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ како расходи пријавила две милиони 848 илјади и 970 илјади.

Партијата за демократски просперитет има потрошено 262 илјади и 761 денар. БЕСА во финансискиот извештај пријавила четири милиони 725 илјади и 217 денари.

Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.

СДСМ својот  финансискиот извештај го објави и на својата интернет страница.

Според она што може да се види, на листата на донатори се главно членови на партијата и кандидати за пратеници .

Меѓу најголемите донатори се Радмила Шеќеринска со 120.000 денари, Лидија Тасевска 180.000, Јагода Шахпаска 135.000 денари, потоа Бетиане Китев 184.350 денари, Томислав Тунтев 180.000, Рената Десковска 180.000, Ѓулумсер Касапи 184.000 и т.н.

На листата донатори има вкупно заведени 194 донации, но некои се јавуваат по неколку пати со различна донација.

Најмногу пари се достасани врз основа на членарина, а најмногу се потрошени за трекламна кампања 8.195.252.00 денари.