ДИК ги отфрли листите на НДМ на Јанко Бачев

Сподели

12914mala

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа ги отфрли сите седум листи на Народното движење за Македонија, а за оваа одлука гласаа сите девет членови.

Причина за отфрлањето на листите се утврдените големи неправилности во сите седум кандидатски листи, односно имало несовпаѓање на потписите на предложените кандидати и промена на кандидати без барање од ДИК. Во четвртата изборна единица наместо 20, партијата на Јанко Бачев кандидирала 21 кандидат.

Во седмата, пак, наместо три, предложени се четири кандидати, а еден од кандидатите не приложил документи дека е државјанин на Република Македонија и не била доставена ниту лична карта ниту, пак, патна исправа. Кандидатот не бил евидентиран ниту во избирачкиот список.

meta.mk