ДИК: Излезноста до 9 часот е 5,25%

Сподели

 

Државната изборна комисија на денешната прес-конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.

-Во Ранковце процентот на излезност е 15,23, во Конче е 14,28, во Пехчево 13,73, Лозово 11,89, Зелениково 11,74, Кратово 11,02, Пробиштип 10,94, Демир Хисар 10,88, Вевчани 10,51, Ресен 9,18, и другите се под 9 отсто. Тече гласањето и се надевам дека на прес-конференцијата во 11:30 часот веќе ќе имаме поголем процент, изјави Даштевски.

Александар Даштевски рече дека утрово на отворањето на избирачките места во 7 часот на одреден број места имало определени проблеми, но дека тие проблеми се надминати и гласањето се одвива во сите избирачки места.