ДИК ќе потроши најмалку 6,5 милиони евра за медиумската изборна кампања на партиите

Сподели

 

Државната изборна комисија планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571.500.000 денари (9.292.683 евра). Од нив, најголем дел или околу 400 милиони денари (6.504.065 евра), се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

– За оваа намена за претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва, да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме – рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата која го усвои и Планот за јавни набавки што се однесуваат и на редовното функционирање на Комисијата, но и за реализација на изборните активности.

meta.mk