ДИК ќе врши избор на членови на Изборната комисија

Сподели

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се случаен избор на членови на изборната комисија на градот Скопје и разгледување на барања за неприфаќање извршување на должност членови на Општинска изборна комисија (ОИК).

Комисијата треба да изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик – член на Изборната комисија на градот Скопје, да ги разгледа барањата за неприфаќање извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член Општинска изборна комисија, а потоа и да се изврши случаен избор за членовите чии барања ќе бидат прифатени.

На дневен ред на оваа седница е и првиот седмичен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.