ДИК наскоро ќе излезе со соопштение откако детално ќе ги провери сите записници

Сподели

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни комисии и дури потоа ќе излезат во јавноста со конечните резултати од предвремените парламентарни избори, изјави за МКД.мк Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.

– Бидејќи мала е разликата, членовите на ДИК овојпат сакаат детално да ги прегледаат изборните материјали, записниците од сите општински изборни комисии. Членовите на ДИК всушност сега првпат ги прегледуваат записниците, па дури потоа ќе ја соопштат информацијата за освоените пратенички мандати за новиот собраниски состав – вели Гугучевска.