Првичните резултати од денешниот втор круг на претседателските избори покажуваат дека Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија.
По обработени повеќе од 98 проценти од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои 427.363 или 51,75% гласови, наспроти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, со 368.679 или 44,65%.
Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 29.748 (3,60%) ливчиња.