ДИК: СДСМ победи во 19, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата во три општини

Сподели

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори што ги објави Државната изборна комисија, по целосното пребројување на гласовите, кандидатите на СДСМ победија во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата за Албанците во три, Движењето БЕСА во една, ДПА во една и кандидат на Група избирачи во една општина.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не ги признава резултатите од изборите наведувајќи дека тие биле нерегуларни. Тој, меѓу другото, побара предвремени парламентарни избори. Тоа беше отфрлено од лидерот на СДСМ Зоран Заев.