ДИК со една прес-конференција на денот на прегласувањето во Теарце

Сподели

 

Државната изборна комисија денеска соопшти, дека во недела кога ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце, ќе одржи една прес-конференција во 21:30 часот, во седиштето на Комисијата.

Од ДИК соопштуваат и дека за одзивот на гласачите на избирачкото место 2011, заклучно со 10:00, 13:00 и 17:00 часот, ќе информираат преку соопштенија.