Државната изборна комисија на својата веб-страница ги повика граѓаните да направат увид на податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
„Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот. Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни“, информираат од ДИК.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.