Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, даде интервју за белградскиот весник „Политика“.
На прашањето што било пресудно да се вклучи во трката за Претседател на државата на седмите претседателски избори, Димитриевски одговори:
„Се соочив со изборот да останам во удобната позиција на градоначалник, за која што сметам дека успешно ја ивршувам, или да се вклучам во битката за градење на една нова Македонија, нов систем, промоција на нови вредности и креирање на различни политики од политиките кои ги
креираат два политички блока во изминатите 30 години. Јас решив да се борам. Македонија за мене претставува врвен приоритет и подготвен сум да поднесам жртва од секаков аспект, заедно со мојот тим да се обидеме да наметнеме нова визија која драстично ќе го смени текот на политичките делувања во Република Македонија и ќе придонесе да се подобри животниот стандард на граѓаните. Сакам тоа што го направивме во општина Куманово, да се обидеме да го пресликаме на ниво на државата. Македонија да стане стабилна и развиена држава, со јасен пат кон Европската унија, но при тоа таму да влеземе достоинствено како Македонци, со македонски јазик и со сопствена историја, со почитување на правата, на сите етнички заедници кои живеат во државата. Силно ќе се бориме против корупцијата, правдата мора да биде еднаква за сите и Македонија да биде самоодржлива држава, посебно во делот на енергетиката и земјоделието, Македонија да биде земја на задоволни и среќни граѓани. итриевски рече дека тој пораснал во СДСМ, таму го стекнал политичкото искуство и додаде:
„Тоа беше државотворна партија, партија со дологрочна визија, партија која ги штитеше државните и националните интереси. СДСМ ми бил второ семејство. За жал, актуелното и претходното раководство на СДСМ,промовираше политики кои се спротивни на се она за коешто јас сум се залагал. Ова раководство на СДСМ стана симбол на корупција и криминал, неисполнети ветувања, екстремна партизација на администрацијата и се води исклучиво од лични интереси со висок степен на непотизам и за жал Македонија ја води во погрешен правец. Неизбежна е да ја споменам, и улогата на партнерот на ова раководтсво на СДСМ, а тоа е нивниот коалиционен партнер ДУИ, кој практично ја води државата, уценува и е газда во Македонија, а раководството на СДСМ само ги аминува нивните желби и потреби. Токму поради политиките коишто ги спроведува
актуелната власт, решив да го формираме политичкиот субјект – Движење ЗНАМ – За наша Македонија, кој се темели на два историски столба, Илинден и АСНОМ. За разлика од постојните политички субјекти кои не се базираат на идеологија, туку на клиентелизам и неконзистентност.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е позиционирано во политичкиот центар и претставува освежување на политичката сцена“.
На прашањето како гледа на уцената од албанските партии кои имаат договор да не формираат власт со победникот од пзрламентарните избори, дококлку не се прифати барањетон за промена на Уставот во насока на бирање на Претседателот на државата во парламентот. Димитриевски
одговори:
„Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20%“ за мене се неприфатливи, бидејќи го подриваат фундаментите на кој почива Охридскиот рамковен договор, за кој сметам дека е сто посто реализиран. Секој предлог за
менување на сегашниот начин за избор на Претседател на Републиката за мене е неприфатлив. Претседателот го црпи својот суверенитет токму од граѓаните на избори, и има легитимитет да се спротивставува, корегира и укажува на погрешните политики од било која извршна и законодавна власт.
Исто така, за мене е нерпифатлива било каква уцена за менување на Уставот во кој ќе се внесе дел од бугарскиот народ но имам против ставовите на бугарските власти со кои се негира постоење на македонскиот јазик и се тврди дека е дијалект на бугарскиот и дека имаме заедничка историја. Македонија има своја, сопствена, автохтона историја. Етничките заедници кои живеат во Македонија треба да не разберат нас Македонците, нашите чувства и емоции и да ни се придружат во заедничката борба за можноста за редефинирање на преговарачката рамка која ја потпиша оваа
ненародна актуелна власт“.
Запрашан што очекува од парламентарните избори. Димитриевски одговори дека очекува граѓаните да ја дадат поддршката, а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија да стане фактор на стабилноста на политичката сцена во државата.
„Програмата што ја нудиме, „Проглас за достоинствена Македонија“, визијата и проектите кои се содржани во истата, веќе се пре наени одграѓаните. На кандидатските листи за пратеници за парламентарните избори од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се вклучени голем број на интелектуалци, професори, стопанственици кои со своето досегашно искуство и делување во одредени области се гарант за исполнување на сите ветувања од нашата Програма. Очекувам СДСМ да изгуби, а ВМРО- ДПМНЕ да не победи. Движењето ЗНАМ- За наша Македонија
ќе биде политичкиот субјект кој ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата влада во Република Македонија“, рече Максим Димитриевски во интервјуто за белградска „Политика“.