Димитров на одделни средби со лидерите ќе информира за разговорите за името во Виена

Сподели

Непосредно по изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас, кој изјави дека со лидерите на грчките политички партии, еден по еден, ќе бидат информирани за разговорите во Виена и текот на преговорите за името, Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека и партиските лидери ќе бидат брифирани на одделни средби со министерот Димитров.

„Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави“, објави Димитров на „Твитер“ по демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот на средбата во Виена.