Соосновачот и претседател на Солуција, Никола Димитров во рамките на својата посета на Вашингтон, САД ја имаше честа да биде гостин на новиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајан.
На нивната тет-а-тет средба во Стејт Департментот разговараа за предизвиците и можностите за Западниот Балкан, за регионалната соработка, за европските интеграции и за планот за раст на ЕУ, како и за неопходните реформи.
Исто така, двајцата разменија мислења и за македонските состојби, во светлината на извештајот на Европската Комисија.
Димитров му се заблагодари на О’Брајан на неговата јасна заложба и поддршка на визијата за демократски и европски Балкан, каде владее правото, со одговорност наместо неказнивост, со институции кои им служат на граѓаните и јавниот интерес.