Димитров од Центар: 100 милиони евра субвенции за филтри на индустриски капацитети, бесплатни еко-инвентори за 60 000 домаќинства

Сподели

 

На трибината во општина центар, граѓаните вчера имаа можност да разговараат со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката Мила Царвоска, кандидатот за пратеник Горан Мисовски и носителот на листата во изборната единица 1 – Никола Димитров, во одговор на прашање од публика се согласи со констатацијата на граѓаните дека треба да се фокусираме на проблемите што навистина ни се важни и во тој контекст одговори на прашањето поврзано со квалитетот на воздухот во главниот град, каде е носител.

 

 

Димитров презентираше дел од конкретните мерки од програмата на коалицијата „Можеме“, а се однесуваат токму на решавање на долгогодишниот проблем со квалитетот на воздухот како што се: „многу поригорозна контрола на индустријата и во однос на казни кои треба да се зголемат трикратно и во однос на организација, систем и број на еко-инспектори. Предвидено е во секоја општина да има комунална служба којашто ќе работи 24 часа. Дронско набљудување на диви депонии, палење на отпад и сл.

60 000 домаќинства ќе добијат бесплатни еко-инвертори за да се замени греењето на дрва, додека пак 100 000 000 евра се предвидени како субвенции за бизнис секторот во однос на нивните филтри, но субвенции ќе има и за домаќинствата. – рече Димитров уште еднаш потсетувајќи дека токму оваа област ќе биде многу важно прашање за пристапните преговори со ЕУ каде ќе има конкретни рокови, но и финансиска поддршка за овие проекти предвидени во програмата на „Можеме“.

„Бројот 3 е бројот што ја носи нашата држава напред на овие избори.“ – порача Димитров од вечерашната граѓанска трибина.