Димитров во Брисел пред клучната недела за датумот за преговори

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел.

Министерот Димитров ќе ги претстави постигнувањата на Северна Македонија и важноста од носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Советќе и му се заблагодари на Парламентот за неговата постојана поддршка за европската перспектива на земјата и ќе ги претстави постигнувањата на Македонија, ден пред клучниот министерски состанок во Луксембург на кој ќе се разговара за давање зелено светло за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија – соопштува МНР.

Амбасадорски состанок ќе се одржи вечер во Луксембург во последен обид да се усогласат ставовите на земјите членки пред министерскиот, но засега ситуацијата не е поволна за ниедна од двете земји.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата шефот на дипломатијата ќе размени мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент.