Дисциплинска постапка за полициските службеници при приведување на лице со милениче во полициски час

Сподели

 

По однос на настанот што вчера околу 14,30 часот се случи на улицата Антон Панов во Скопје, каде што од страна на полициски службеници беше затекнато и приведено лицето С.Б. од Скопје, по вклучувањето и на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, констатирано е дека лицето во посоченото време било надвор заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици, така што согласно член 206 од КЗ на РСМ лицето било приведено во полициска станица.

Исто така, констатирано е дека при превземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на  Упатството за начинот на однесување на работниците во МВР во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус и препораки со цел спречување на ширење на коронавирусот без пропишаната заштитна опрема.

Следствено на тоа, против полициските службеници кои превземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност – се наведува во соопштението на МВР.