ДИЖС: На бројот 193 пријавувајте огништа и загадувачи

Сподели

Загадувачи, палење оган и опожарување на јавни површини граѓаните може да пријават на бројот 193, кој е отворен 24 часа, потсетува Државниот инспекторат за животна средина.

Инспекторатот тврди дека веднаш штом ќе добијат пријава на посочениот број, инспекторите добиваат налог да направат обиколка на терен и во попладневните часови.

Досега на подрачјето на општината Карпош инспекторите направиле неколку потраги на загадувачи попладне, но не било откриено ништо сомнително.